Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

GOOD GOUT / ОРГАНСКИ ОБРОК ОД ТИКВИЧКИ И ЈАГНЕШКО МЕСО 6М+ - 190 ГР.

275 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3770002327050

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Бебешка храна
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Good Gout
  • Наменето за - Бебиња , Главен оброк
  • Дополнителни информации - Без додаден шеќер , Без јајца , Без млеко
Под нејзината прилично комична надворешност, тиквата е полна со ветувања. Земете ја, на пример, нејзината текстура што се топи и нејзиниот вкус на путер на која и додадовме вкусно јагнешко месо и на тој начин добивме еден од нашите рецепти кој е најмногу ценет од страна на децата.



Зошто овој органски оброк е толку добар?

- Бидејќи во ова мало јадење има не помалку од 88% тиква. Некои луѓе би можеле да протестираат дека тоа не е многу фер кон останатите состојки, но сето тоа е со добра причина: љубовта кон зеленчукот.

- Бидејќи во овој оброк од тиквата до кромидот, сè што употребуваме е од органско потекло, со цел да му гарантирате на вашето дете здрави, еколошки производи, ниту еден од нашите производи не е третиран со ГМО, пестициди или хемиски ѓубрива за време на неговото одгледување.

- Бидејќи во согласност со сегашното законодавство на ЕУ, нашата флексибилна ќесичка е ослободена од бисфенол А и фталати. И пред се затоа што бара многу пократка стерилизација на состојките од конвенционалната детска храна во тегли - а тоа пак значи дека вкусовите се подобро зачувани!


Начин на подготовка: За да уживате најдобро во овој оброк, препорачуваме да ја загреете ќесичката 1 минута во сад со топла вода. За оние кои брзаат, испразнете ја содржината на ќесичката на чинија или отворете ја и ставете ја директно во микробранова печка. Загрејте 30 секунди на 750 W (времето треба да се прилагоди според моќноста на вашата рерна). Промешајте и проверете ја температурата. Готово е!


Вреди да се знае: Оваа ќесичка е избрана да го зачува целиот вкус на нашите рецепти. Не содржи бисфенол А и фталати, во согласност со сегашното законодавство на ЕУ.


Состав: 88% органска тиква, 8% органско јагнешко месо, 2% органски морков, 2% органски кромид.


Складирање: Пред отворањето, чувајте на собна температура и откако е отворена ќесичката до 24 часа во фрижидер.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 178 kJ/43 kcal

Масти: 1,8 g

од кои заситени: 0,9 g

Јаглехидрати: 3,8 g

од кои шеќери: 3,1 g

Растителни влакна: 1,8 g

Протеини: 2 g

Сол: 0 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре